• четврток, 26 декември 2024

Марио Гомез ја заврши кариерата

Марио Гомез ја заврши кариерата
Штутгарт, 28 јуни 2020 (МИА) – Фудбалерот на Штутгарт, Марио Гомез ја заврши кариерата. Ова го објави прес-службата на германскиот клуб. Оваа сезона, 34-годишниот напаѓач, заедно со Штутгарт, влегоа во Бундеслигата. Гомез денес го постигна единствениот гол за домаќините во поразот од Дармштад (1:3) на последниот натпревар од сезоната. Гомез, заедно со германската репрезентација, стигна до бронзен медалист на СП 2010 година. Фудбалерот трипати стана шампион на Бундеслигата - еднаш со Штутгарт (2006/07) и двапати со Баерн (2009/10, 2012/13). Напаѓачот двапати го освои Купот на земјата со тимот од Минхен (2009/10, 2012/13) и еднаш ја освои Лигата на шампионите (2012/13). зс/

Остани поврзан