• среда, 27 ноември 2024

Марина Димовска избрана за нова генерална секретарка на Собранието

Марина Димовска избрана за нова генерална секретарка на Собранието

Скопје, 5 јули 2024 (МИА) – Пратениците денеска ја избраа Марина Димовска за генерална секретарка на Собранието на Република Северна Македонија.

Димовска е дипломиран политиколог и магистер на економски науки од областа на меѓународна економија. Таа работи во Собранието од 2009 година.

За заменик-генерален секретар на Собранието е избран Никола Ѓошевски, кој е дипломиран правник и магистер по корпоративното право.

Во рамки на седницата беа утврдени и оставките на досегашната генералната секретарка на Собранието Цветанка Иванова и нејзиниот заменик Бојан Василевски, кои на 1 јули поднеле оставки на своите функции. 

Исто така, беа констатирани и оставките на Бобан Николовски и Синиша Стојановски од функциите пратеник. фф/нд/

Фото: Фејсбук на Марина Димовска

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан