• среда, 25 декември 2024

Маринакис: Со Турција имаме важна соработка за мигрантските прашања

Маринакис: Со Турција имаме важна соработка за мигрантските прашања

Атина, 26 август 2024 (МИА) – Преку досегашниот дијалог со Турција постигнавме важна соработка во справувањето со мигрантското прашање, истакна портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис на денешниот редовен брифинг со новинарите, говорејќи за односите меѓу Грција и Турција, јави дописничката на МИА од Атина.

Маринакис посочи дека никогаш на маса нема да ги постават прашањата поврзани со суверенитетот, ниту пак дека ќе направат отстапки од црвените линии, но и дека веруваат во дијалогот.

-Ако погледнете што се случува во останатиот дел од Европа, освен поскапувањето на цените, што и кај нас е големо прашање за кое со право разговараме, вториот следен проблем е миграцијата. Во Грција не само што не постои никаков проблем, туку се справуваме на многу подобар начин отколку другите земји во Европа и за среќа тоа не е еден од најголемите проблеми. Зошто? Затоа што пред сè имаме политика која функционира, внатрешна политика на чување на границите и на морските граници, со почитување на човековите права, со многу спасувања, политика на брзо давање или одбивање на барањата за азил, но овие резултати како причина ја имаат и добрата соработка со Турција. Имаме легални туристи кои исто така доаѓаат од Турција со новата процедура за издавање визи, а што е најважно можеме и ги изразуваме нашите несогласувања и нашите позиции, посочи Маринакис. ср/ссм/

Фото: Архива МИА

Остани поврзан