Маринакис: Позитивно е што фон дер Лајен зборуваше за зајакнување на европската одбрана
- Позитивен е фактот што претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен пред малку зборуваше за зајакнување на европската одбрана. Сепак, очекуваме да се разјаснат некои важни параметри, истакна портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис на денешниот редовен брифинг со новинарите, јави дописничката на МИА од Атина.

Атина, 4 март 2025 (МИА) – Позитивен е фактот што претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен пред малку зборуваше за зајакнување на европската одбрана. Сепак, очекуваме да се разјаснат некои важни параметри, истакна портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис на денешниот редовен брифинг со новинарите, јави дописничката на МИА од Атина.
Маринакис посочи дека грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис „е меѓу првите европски лидери кои долго време ја истакнуваа потребата Европа да ја зајакне својата колективна одбрана и безбедност доколку сака да биде кредибилен геополитички играч во денешното сложено и неизвесно меѓународно опкружување“.
- Во оваа насока (Мицотакис) достави конкретни предлози, предлози што се однесуваат и на националните буџети и на потребата од заедничко европско финансирање за големи инвестиции во одбраната, конкретно за финансирање програми од европски интерес, како што е заедничкиот европски противракетен штит, предлог што го поднесе заедно со полскиот премиер Доналд Туск, објасни Маринакис.
Во однос на Украина, портпаролот на грчката Влада го повтори ставот на Мицотакис дека „за едно толку важно прашање, многу е важно ЕУ да зборува со еден и единствен глас“.
- Сакаме праведно решение за Украина и решение за кое мора да кажеме дека треба да учествува и Украина. Сметаме дека Соединетите Американски држави треба да имаат улога на гарант на безбедноста. Како земја, а главно како Европа имаме должност да работиме за да се премости ова ситуација на разлика во ставовите, рече Маринакис.
Паралелни посочи дека грчко-американските односи се стратешки и се осврна на средбата на министерот за надворешни работи на Грција со државниот секретар на САД. ср/
Фото: Архива МИА