• недела, 27 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Маринакис за бомбата пред „Hellenic train“: Не треба да се создава дополнителна загриженост

Маринакис за бомбата пред „Hellenic train“: Не треба да се создава дополнителна загриженост

Атина, 14 април 2025 (МИА) – Мислам дека не треба дополнително да создаваме загриженост, рече портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис на денешниот редовен брифинг со новинарите во однос на експлозијата на бомба пред канцелариите на грчката компанија „Hellenic train“ во петокот вечерта и додаде дека целиот напад сам по себе има своја сериозноста, јави дописничката на МИА од Атина.

Маринакис истакна дека имаат доверба во полицијата, која, како што рече „и во овој случај, професионално си ја врши работата“.

- Мислам дека нема потреба да кажеме нешто повеќе. Се води соодветна истрага. Она што треба да го кажеме на политичко ниво, без да придаваме одговорности е до каде може да доведе климата на омраза и токсичност што свесно и на многу интензивен начин се создава од мнозинството, да не речам и од сите, опозициски партии, рече Маринакис.

За експлозијата во петокот, како и за експлозијата во близина на Министерството за труд на Грција во февруари 2024 година, одговорноста ја презеде левичарско-терористичка организација под името „Револуционерна класна самоодбрана“, а портпаролката на грчката полиција Константина Димоглиду за државната телевизија ЕРТ утрово посочи дека станува збор за „нова група која се обидува да доминира со ваков вид на напади“. ср/сд/

Фото: Архива МИА

Остани поврзан