• среда, 18 декември 2024

Маринакис: Во бегалското/мигрантското прашање Грција го приспособува ставот во рамките на одлуките на ЕУ

Маринакис: Во бегалското/мигрантското прашање Грција го приспособува ставот во рамките на одлуките на ЕУ

Атина, 13 декември 2024 (МИА) – Последните случувања во Сирија биле разгледани на денешниот состанок на Владиниот совет за национална безбедност со кој претседаваше грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и биле анализирани сите параметри што се однесуваат на Грција и поширокиот регион, соопшти портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис и додаде дека позицијата на земјата во бегалското/мигрантското прашање се приспособува согласно ситуацијата и во рамките на одлуките на ЕУ, јави дописничката на МИА од Атина.

Маринакис посочи дека Грција го поддржува „единството, територијалниот интегритет и суверенитет на Сирија и инклузивната иднина која ќе ги гарантира сите верски малцинства“.

-Враќањето во демократска нормалност ќе треба да значи крај на бегалските бранови и да го отвори патот за враќање на сириските бегалци во нивните домови. Грција внимателно ги оценува сите случувања. Ги следи разврските во регионот, кои се динамични и својот став за мигрантското/бегалското прашање го приспособува секој пат согласно новите податоци, во рамките на одлуките на органите на Европската Унија, соопшти портпаролот на грчката Влада. ср/

Остани поврзан