• среда, 25 декември 2024

Мареј се повлече од Вимблдон 2024 во сингл

Мареј се повлече од Вимблдон 2024 во сингл

Лондон, 2 јули 2024 (МИА) – Триесет и седумгодишниот британски тенисер Енди Мареј се повлече од Вимблдон 2024 во сингл. Тој планира да се натпреварува во двојки со својот брат Џејми. Ова го објави „ITV.com“.

Во првото коло на Грен слем турнирот во Лондон, Мареј требаше да ги одмери силите против Чехот Томаш Мачац.

Минатата недела поранешниот светски рекет број еден беше опериран за отстранување на циста на 'рбетот.

Мареј двапати го освои Вимблдон, во 2013 и 2016 година.

Вимблдон 2024 се одржува од 1 до 14 јули во Лондон. Актуелен победник во сингл конкуренцијата е Шпанецот Карлос Алкараз. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан