• четврток, 26 декември 2024

Мареј по петти пат на Олимписки игри

Мареј по петти пат на Олимписки игри

 

Лондон, 16 јуни 2024 (МИА) – Двократниот олимписки првак, од Лондон 2012 и Рио де Женеиро 2016, британскиот тенисер Анди Мареј ќе настапи ова лето во Париз на своите петти Олимписки игри, објави попладнево британскиот олимписки Комитет.

Мареј, кој се очекува да се збогува со професионалниот тенис по Игрите во Париз, во моментов е рангиран на 97 место на АТП листата.

Во машкиот тим на Велика Британија за олимпискиот турнир се и капитенот Иан Бејтс и тенисерите Џек Дрејпер, Камерон Нори и Ден Еванс. Кејти Болтер ќе биде единствената британска тенисерка во Париз.

За Велика Британија во машки двојки ќе играат Џо Салесбери и Нил Скупски.

Олимпискиот тениски турнир на програмата е од 27 јули до 4 август. ег ФОТО: Икс

 

Остани поврзан