• четврток, 26 декември 2024

Мареј и Кенин ќе добијат вајлд-карти за Индијан Велс

Мареј и Кенин ќе добијат вајлд-карти за Индијан Велс
Индијан Велс, 2 март 2022 (МИА) – Британецот Енди Мареј и американската тенисерка Софија Кенин ќе добијат специјални покани за учество на турнирот во Индијан Велс, САД. Мареј е финалист на турнирот во Индијан Велс од 2009 година. Тој во моментов е на 84.место во поредокот на АТП листата и не успеа да влезе во квалификациите. Кенин која е 89. На ВТА ранг-листата, во тековната сезона има две победи во седум меча. Мастерсот 1 000 во Индијан Велс ќе се игра од 7 до 20 март. зс/

Остани поврзан