• недела, 28 јули 2024

Мареј доби вајлд-карта за турнирот во Сан Диего

Мареј доби вајлд-карта за турнирот во Сан Диего
Сан Диего, 14 септември 2021 (МИА) - Трикратниот грен слем шампион Енди Мареј доби вајлд-карта за турнирот во Сан Диего. Британскиот тенисер периодов игра Челинџер во Рен, Франција и засега се пласираше во второто коло. Специјални покани од организаторот добија уште и Кеи Нишикори и Брендон Накашима. Турнирот во Сан Диего ќе почна на 27 септември. зс/

Остани поврзан