• сабота, 23 ноември 2024

Мареска фаворит за наследник на Покетино во Челси

Мареска фаворит за наследник на Покетино во Челси

Лондон, 27 мај 2024 (МИА) - Менаџерот на Лестер Сити, Енцо Мареска сега е фаворит за наследник на Маурисио Покетино на кормилото на Челси, пренесува „Скај Спортс“.

„Сините“ од Лондон се во потрага по нов тренер по разделбата со Покетино на крајот од сезоната.

Мареска извонредно се претстави на чело на „лисиците“ минатата кампања и ги врати во Премиер лигата, освојувајќи ја титулата во Чемпионшип.

Според извештаите, управата на Челси била импресионирана по разговорите со Мареска, особено од неговото големо познавање на тимот на „сините“. Според тоа, Италијанецот сега е фаворит за оваа функција, а другите претенденти се Киран Мекена, Томас Франк и Роберто де Зерби. дс

Фото: Фејсбук/Лестер сити

Остани поврзан