• сабота, 27 јули 2024

Марез: Понекогаш 90 проценти од поседот на топката не е доволен за победа

Марез: Понекогаш 90 проценти од поседот на топката не е доволен за победа
Манчестер, 3 март 2021 (МИА) - Напаѓачот на Манчестер сити, Ријад Марез, по синоќешната победа над Вулверхемптон во 29. коло од англискиот фудбалски  шампионатот (4:1), истакна дека натпреварот бил многу тежок. - Тоа беше тежок меч. Почнавме многу добро и создадовме шанси. Можевме да го решиме исходот на средбата во првото полувреме. Второто полувреме беше малку потешко, но сепак создадовме шанси, продолживме да играме и да притискаме. Понекогаш може да имате посед 90 проценти од времето, но не и да победите. Последните 10 минути во нашиот перформанс беа многу добри. Одиме чекор по чекор. Следниот натпревар е со Манчестер јунајтед, и треба да се фокусираме на него, изјави Марез за „Би-би-си“. По 27 натпревари Сити има 65 бодови, 15 повеќе од второпласираниот градски ривал Манчестер јунајтед. зс/

Остани поврзан