• недела, 01 септември 2024

Марез играч на неделата во Лигата на шампионите

Марез играч на неделата во Лигата на шампионите
Нион, 7 мај 2021 (МИА) – Фудбалерот за врска на Манчестер сити, Ријад Марез е прогласен за играч на неделата во Лигата на шампионите. Триесетгодишниот играч постигна два гола на мечот против Пари Сен-Жермен, додека „граѓаните“ победија со 2:0 и се пласираа во финалето на Лигата на шампионите. Во конкуренција за признанието уште беа и дефанзивецот на Манчестер сити, Рубен Дијас, како и фудбалерите на Челзи, Нголо Канте и Каи Хаверц. Манчестер сити и Челзи на 29 мај во Истанбул ќе одлучуваат кој ќе биде нов европски фудбалски шампион. зс/

Остани поврзан