• четврток, 26 декември 2024

Мараја Кери нема биде единствената „Кралица на Божиќ“

Мараја Кери нема биде единствената „Кралица на Божиќ“

Лос Анџелес, 16 ноември 2022 (МИА) - Мараја Кери нема да го има ексклузивното право да го користи изразот „Кралица на Божиќ“. Во тоа ја спречи пејачката Елизабет Чен.

- Божиќ е сезона на давање, а не сезона на одземање и не е в ред поединец да се обидува да поседува и монополизира прекар како „Кралицата на Божиќ“ поради бедниот материјализам, рече Чен, која исто така често ja нарекуваат со тој назив, со оглед на тоа што напишала повеќе од 1000 Божиќни песни.

Мараја Кери се обиде да ги заштити епитетите „Кралица на Божиќ“, „QOC" и „Принцеза на Божиќ“, и официјално го поднесе барањето лани во март. Таа бараше ексклузивни права да ги користи тие зборови на кутии на парфеми, лосиони, лакови, накит, чаши, чоколадно млеко, кокосова вода, како и украси, играчки, облека за кучиња, маски, долна облека и маици. - Како независна уметничка и сопственичка на мал бизнис, мојата работа на животот е зближување меѓу луѓето за празниците, поради што ме нарекуваа и кралица на Божиќ. Тоа ќе - и треба да се доделува и на други во иднина. Мојата цел во оваа борба беше да се спротивставам на узурпирањето на овој заштитен знак, не само за да се заштитам себеси, туку и идните кралици на Божиќ, рече Чен.

Со оглед на тоа дека Божиќ секоја година се одбележува со хитовите од албумот на Кери „Merry Christmas“ (Среќен Божиќ) објавен во средината на 90-тите, пејачката ја доби неформалната титула „Кралица на Божиќ“. Чен, пак, верува дека титулата „Кралица на Божиќ“ би требало требало да ѝ припадне на Дева Марија.  си/

Остани поврзан