• среда, 25 декември 2024

Мапирани велосипедски и патеки за планинарење во атарот на Општина Дебрца

Мапирани велосипедски и патеки  за планинарење во атарот на Општина Дебрца

Охрид, 23 септември 2024 (МИА) – Општина Дебрца заедно со Здружението за планински велосипедизам „Рупикапра МТБ“ го реализираат проектот ,,Патеки на откривање“, за мапирање велосипедски патеки во атарот на општината.

Со проектот што се спроведува со средства обезбедени од Амбасадата на Сојузна Република Германија во земјава, ќе им биде овозможен олеснет пристап на вљубениците во планинскиот велосипедизам и на планинарењето по падините на планините во општината, со пристап за нивно откривање, како и безбедно започнување и пристигнување по обележана велосипедска патека.

На интернет-страницата на Општина Дебрца се објавени посебни линкови од велосипедските патеки, со кју-ар кодови за полесен пристап до самите апликаци (мапи).

На понудата се шест велосипедски патеки, и тоа на две на падините на Славеј Планина, една на планината Караорман, потоа патеката „Орли врв“, на Илинска планина и патеката „Бабин срт“. аб/дма/

Фото: Плакат

 

Остани поврзан