• четврток, 26 декември 2024

Маори од Нов Зеланд порачуваат „хаката“ да не се користи во антиваксерски кампањи

Маори од Нов Зеланд порачуваат „хаката“ да не се користи во антиваксерски кампањи
Велингтон, 15 ноември 2021 (МИА) - Маори од Нов Зеланд, кои тврдат дека традиционалниот воен танц - „хака“, е нивно наследство, им порача на демонстрантите против ковид-вакцините денеска, да престанат да го користат танцот во разгласувањето на својата порака. „Ние не го поддржуваме нивниот став и не сакаме нашето наследство да биде поврзано со нивните пораки“, се вели во соопштението на народот Нгати Тоа. - „Нашата порака до демонстрантите кои сакаат да ја користат хаката Ка Мате е - да користат поинаква хака. Не ја поддржуваме употребата на Ка Мате за оваа намена“, се додава во известувањето. Антиваксерите ја играа токму таа „хака“ на нивните собири изминативе неколку недели, протестирајќи против вакцината и ограничувањата поврзани со пандемијата. Иако постојат многу облици на „хака“, кај различни племиња,  наменети за различни цели и прилики, „Ка Мате“ е најпознатата „хака“, бидејќи со десетлетија се изведува на меѓународните рагби-натпревари на Нов Зеланд, но и во други спортови.  си/

Остани поврзан