• сабота, 23 ноември 2024

МАН: Сочуство до семејствата на настраданите, од утре почнуваме со хуманирани акции за помош на преживеаните во катастрофалниот земјотрес во Туркије

МАН: Сочуство до семејствата на настраданите, од утре почнуваме со хуманирани акции за помош на преживеаните во катастрофалниот земјотрес во Туркије

Скопје, 6 февруари 2023 

МАН изразува сочуство до Република Туркије и пријателскиот турски народ за катастрофалната трагедија која се случи од ударот на силниот земјотрес од 7.9 степени по Рихтеровата скала во која животот го загубија најмалку 1900 луѓе, а над 6.000 лица се повредени.

- Изразуваме сочуство до семејствата на настраданите и поддршка на спасувачките екипи во овие тешки моменти за Република Туркије.

Истовремено, најавуваме дека МАН и Канал 5 ТВ, веќе организираме серија хумантирани активности за помош на преживеаните од катастрофалниот земјотрес.

Во таа насока, МАН ги повикува своите членови и медиуми да ги објавуваат на видни места и во ударни термини сите вести поврзани со укажување материјална и нематеријална помош за преживеаните во земјотресот.

1. Најпрво, ве известуваме дека во тек е отворање сметки за донации во Халк банка на кои од утре ќе можете да уплатите финансиски средства за помош на преживеаните и семејствата на настраданите, а бројот на сметките дополнително ќе го објавиме.

2. Воедно, од утре е отворен склад за материјални донации во дворот на поранешен Охис, на улица Борис Трајковски 75Б, (лице за контакт: Ѓуре: 071242170)

каде граѓаните и компаниите можат да донесат она што им е најпотребно на погодените во земјотресот:

- вода

- храна

- конзервирана храна

- млечни производи

- лекови

- топла облека

- ќебиња

- осветлување

- средства за лична хигиена

- батерии

- пелени

- бебешка храна

- горна и долна облека

- обувки

- екстерни батерии

- свеќи

Складот за материјални донации ќе биде отворен утре и во среда, а потоа донациите ќе бидат транспортирани во местата во Туркије каде е најпотребна.

3. Под покровителство на К5 ТВ ќе се одржи Телетон конференција на која сите граѓани ќе можат со свои јавувања за донираат финансиска помош на преживеаните во земјотресот и семејствата на настраданите. Телетон конференцијата ќе се одржи во недела на Канал 5 ТВ, а со јавување на телефоните кои ќе бидат на екраните, ќе донирате финансиска помош на преживеаните во катастрофалниот земјотрес во Туркије.

МАН и Канал 5 ги повикуваме сите јавни личности и општествено одговорни лица кои сакаат да учествуваат во Телетонот да се јават на следните емаилови:

desk@kanal5.com.mk man.makedonija@gmail.com или нека направат личен контакт со официјалните лица на МАН и Канал 5.

Република Туркије и турскиот народ се големи пријатели на Македонија и македонскиот народ и во овие тешки моменти, ние сме со нив.

 

Ивона Талевска

Претседател на МАН

—————————————————————————————————————————

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан