• сабота, 23 ноември 2024

МАН: Собранието да ги избере новите членови во советите преку постоечкиот закон

МАН: Собранието да ги избере новите членови во советите преку постоечкиот закон
Скопје,  27 јануари 2021 -  Македонската асоцијација на новинари (МАН) не е изненадена од обидот на власта за партиска контрола врз медиумите во Македонија и со загриженост го следи процесот за измена на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, инициран од група пратеници од власта. Во овој предлог се бара изборот на членови на Програмскиот совет во МРТ и во Советот на АВМУ во Собранието на РСМ да биде со 61 пратеник, односно мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, наместо со двотретинско мнозинство, како што е тоа уредено со постоечката регулатива. Дека власта сака целосна партизација на МРТВ и АВМУ покажува и фактот дека крајно нетранспарентно, без одлука на Собранието, владеачките пратеници самостојно одлучија да го поништат претходниот конкурс за избор на членови на Советите на МРТВ и АВМУ. Пред евентуално да се размислува за какви било промени во Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, неопходно е Собранието да ги избере новите членови во советите преку постоечкиот закон. Измените во Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги не е само желба за контрола врз МРТВ и Агенцијата за медиуми, туку обид за контрола врз сите медиуми во Македонија со просто мнозинство од 61 пратеник, бидејќи токму АВМУ е надлежна за контрола на нивното работење. Принцип е кога се менува закон со кој одлуки се носат со двотретинско мнозинство, и менувањето на тој закон да е со 2/3 мнозинство. Ако мнозинство со 61 одлучува за сите медиуми во државава тоа е партиска одлука од интерес за само една политичка страна, а тоа е страната на власта. Медиумите припаѓаат на јавноста, на сите, и затоа досега, а треба и во иднина, решенијата за регулација на медиумите да бидат со што е можно поширока поддршка, со 2/3 мнозинство гласови во Собранието. МАН (Македонска асоцијација на новинари) __________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.  

Тагови

Остани поврзан