• петок, 27 декември 2024

Манџукиќ официјално стана играч на Милан

Манџукиќ официјално стана играч на Милан
Милано, 19 јануари 2021 (МИА) - Лидерот во Серија А, Милан на својата официјалната веб-страница објави дека потпишал договор со напаѓачот Марио Манџукиќ. Договорот на 34-годишниот фудбалер со тимот е со важност до крајот на сезоната 2020/21 со можност за продолжување на една сезона. Манџукиќ ќе го носи дресот со број „9“. Хрватот одигра пет нецелосни сезони во Италија со Јувентус. Тој го напушти тимот од Торино во зимскиот преоден рок 2019/2020. Последен пат Манџукиќ влезе на теренот на 7 март како играч на Ал-Духаил во мечот од шампионатот Катар. зс/

Остани поврзан