• сабота, 23 ноември 2024

Манчини подготвен да се врати во Италија

Манчини подготвен да се врати во Италија

Ријад, 29 октомври 2024 (МИА) - Роберто Манчини негира дека земал 20 милиони евра кога беше отпуштен од Саудиска Арабија. Сепак, италијанскиот стручњак изјави дека двете страни се „незадоволни“ од меѓусебната работа.

-Разочаран сум. Завршивме добра работа во овие месеци, но понекогаш резултатите не доаѓаа и двете страни беа незадоволни“, објасни Манчини.

Тој самиот е подготвен да се врати во Италија. Селекторот ја напушти клупата на италијанската репрезентација во август 2023 година.

-Никогаш не се знае во животот. Направивме многу добри работи заедно, вклучувајќи го и рекордот на сите времиња од 37 натпревари без пораз, рече Манчини на прашањето дали ќе се врати на чело на „азурите“.

Сепак, тренерот нагласува дека поверојатно е да работи во клупски фудбал отколку да се врати на чело на својата земја. дс

Фото: Архива

 

Остани поврзан