• среда, 25 декември 2024

Манчестер јунајтед сака 30 милиони фунти за Гринвуд

Манчестер јунајтед сака 30 милиони фунти за Гринвуд

Манчестер, 13 април 2024 (МИА) - Манчестер јунајтед е подготвен на лето да го продаде напаѓачот Мејсон Гринвуд кој оваа сезона игра како позајмен во Хетафе.

Според „ESPN“, англискиот клуб е подготвен да го продаде 22-годишниот Англичанец за 30 милиони фунти. 

Оваа сезона Гринвуд настапи на 28 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи осум гола и пет асистенции.

Барселона, Јувентус и Атлетико Мадрид покажуваат силен интерес за фудбалерот. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан