• сабота, 27 јули 2024

Манчестер јунајтед нема да го обнови изнајмувањето на Смолинг во Рома

Манчестер јунајтед нема да го обнови изнајмувањето на Смолинг во Рома
Лондон, 2 август 2020 (МИА) - Манчестер јунајтед нема да го пушти дефанзивецот Крис Смолинг на позајмица во Рома уште една сезона, пренесува „Goal.com“. Според изворот, италијанскиот клуб не може да се согласи со „црвените ѓаволи“ за условите на закупот. Се известува дека Рома може да го купи 30-годишниот Англичанец доколку успее да ги исполни барањата на Манчестер јунајтед. Во сезоната 2019/20, Смолинг одигра 37 натпревари за Рома, постигна три гола и две асистенции. Transfermarkt.com ја проценува вредноста на фудбалерот на 16 милиони евра. зс/

Остани поврзан