• четврток, 26 декември 2024

Манчестер јунајтед и Лингард преговараат за нов договор. Клубот се надева на успех, иако првата понуда беше одбиена

Манчестер јунајтед и Лингард преговараат за нов договор. Клубот се надева на успех, иако првата понуда беше одбиена
Манчестер, 20 септември 2021 (МИА) - Манчестер јунајтед има намера да го обнови договорот на офанзивниот играч за врска Џеси Лингард. Клубот веќе неколку недели преговара за продолжување на соработката со 28-годишниот Англичанец и се надева дека страните ќе успеат да постигнат договор, иако првиот предлог беше одбиен. Сегашниот договор е со важност до крајот на јуни 2022 година. Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле-Гунар Солскјер ја поддржува одлуката за продолжување на соработката со Лингард и комуницира директно со играчот. Фудбалерот е на листата на оние играчи со кои треба да се обноват договорите. Тука се и Бруно Фернандеш, Пол Погба и Лук Шо. Лингард постигна два гола на три натпревари во Премиер лигата оваа сезона. зс/

Остани поврзан