• вторник, 16 декември 2025

Манчестер јунајтед и Борнмут одиграа ефикасно реми

Манчестер јунајтед и Борнмут одиграа ефикасно реми

Манчестер, 16 декември 2025 (МИА) - Манчестер јунајтед ремизираше 4:4 со Борнмут синоќа на домашен терен во 16. коло од англиската Премиер лига.

„Црвените ѓаволи“ водеа три пати во текот на натпреварот, но не успеаја да го задржат водството.

Головите за домашните ги постигнаа Амад Дијало, Касемиро, Бруно Фернандеш и Матеус Куња. 

За Борнмут погодија: Антоан Семењо, Еванилсон, Маркус Таверние и Ели Жуниор Крупи.

Манчестер јунајтед има 26 бода и е шести на табелата во Премиер лигата. Борнмут има 21 бод и е на 13. место. Тимот ја продолжи својата серија без победа во лигата на седум натпревари.

Манчестер јунајтед ќе игра на гости против Астон Вила на 21 декември, додека Борнмут ќе го пречека Барнли еден ден претходно. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан