Манчестер Јунајтед е подготвен да го продаде Рашфорд за 40 милиони фунти
- Манчестер Јунајтед ќе ги разгледа понудите од други клубови за дваесет и седум годишниот напаѓач Маркус Рашфорд во висина од 40 милиони фунти, пренесе „Дејли мејл“.
Манчестер, 12 декември 2024 (МИА) - Манчестер Јунајтед ќе ги разгледа понудите од други клубови за дваесет и седум годишниот напаѓач Маркус Рашфорд во висина од 40 милиони фунти, пренесе „Дејли мејл“.
Според изворот, и покрај подготвеноста на „црвените ѓаволи“ да го продадат Англичанецот, тие се свесни дека тешко дека ќе добијат понуда за него во зимскиот преоден рок. Се нагласува дека Манчестер Јунајтед е принуден да продава играчи за да ги почитува правилата за финансиски фер-плеј и одржлив развој. Покрај тоа, на клубот му се потребни средства за купување на играчи кои му се потребни на новиот менаџер Рубен Аморим.
Оваа сезона Рашфорд забележа 23 настапи во сите натпреварувања, постигнувајќи седум гола и три асистенции. Актуелниот договор на играчот со клубот е до летото 2028 година. дс
Фото: Архива