• среда, 18 март 2026

Манчестер Сити – Ливерпул во четвртфиналето на ФА купот

Манчестер Сити – Ливерпул во четвртфиналето на ФА купот

Лондон, 9.март 2026 (МИА) – Двата најдобри тима во англискиот фудбал последните неколку сезони во директен дуел ќе решат кој ќе ги продолжи натпреварите во ФА купот. На извлекувањето на двојките одржано вечерва Манчестер Сити ќе биде домаќин на Ливерпул во четвртфиналето. Тоа воедно е најпривлечната двојка од оваа фаза на натпреварувањето.

Лидерот на Премиер лигата Арсенал ќе гостува кај Саутемптон, додека „лесна задача“ треба да има Челзи во дуелот со Порт Вејл (член на Лига 1). Во четвртфиналето ќе има уште еден дуел на премиерлигаши: Лидс ќе гостува кај победникот од дуелот меѓу Вест Хем и Брентфорд (натпревар што е во тек).

Термини за одигрување на натпреварите се 4 и 5.април. мн/

Фото: ЕПА

Остани поврзан