• четврток, 19 декември 2024

Манчестер сити ќе разговара за нов договор со Агуеро на крајот на сезоната

Манчестер сити ќе разговара за нов договор со Агуеро на крајот на сезоната
Манчестер, 10 март 2021 (МИА) – Тренерот на Манчестер сити, Хосеп Гвардиола, зборуваше за плановите на клубот да го продолжи договорот со напаѓачот Серхио Агуеро. - Да видиме што ќе се случи на крајот на сезоната. Не смееме да заборавиме дека Серхио пропушти многу поради повреда. Му треба време на теренот за да влезе во форма, но не сум сигурен дека сега сме во позиција да дозволиме некој да е во составот само колку да се каже дека игра. Ќе разговараме на крајот на сезоната и ќе ја разгледаме ситуацијата со неговиот договор, истакна за „Гол“ Гвардиола. Во сезоната 2020/21, Агуеро забележа 11 настапи за Манчестер сити, постигнувајќи два гола. Договорот на 32-годишниот Аргентинец важи до крајот на јуни 2021 година. Вчера интерес за Агуеро покажа новиот претседател на Барселона, Жоан Лапорта. зс/

Остани поврзан