• четврток, 26 декември 2024

Манчестер сити ќе ги продолжи договорите со Вокер и Силва

Манчестер сити ќе ги продолжи договорите со Вокер и Силва

Манчестер, 22 август 2023 (МИА) - Фудбалерите на Манчестер сити, Кајл Вокер и Бернардо Силва ќе ги обноват договорите со клубот.

 

Како што објави „ESPN“, двајцата играчи се подготвени да потпишат нови договори со клубот и покрај информациите за нивно можно заминување.

 

Вокер е со „Граѓаните“ од 2017 година. Тој оваа сезона забележа два настапи за Манчестер сити без да постигне гол. Актуелниот договор на дефанзивецот е до 2024 година.

 

Во сезоната 2023/24, Силва одигра два натпревара. Актуелниот договор на играчот е до 2025 година. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан