• четврток, 19 декември 2024

Манчестер сити сè уште не им понуди обновување на договорите на Агуеро и Фернандињо

Манчестер сити сè уште не им понуди обновување на договорите на Агуеро и Фернандињо
Манчестер, 19 јануари 2021 (МИА) - Иднината на играчите на Манчестер сити, Серхио Агуеро и Фернандињо останува неизвесна. Според новинарот на „Атлетик“, Сем Ли, клубот не дал понуди за продолжување на договорите на фудбалерите. Соработката на Агуеро и Фернандињо истекува на крајот на јуни 2021 година. Триесет и двегодишниот Агуеро оваа сезона одигра пет натпревари во Премиер лигата за сити, бидејќи долго време закрепнуваше од повредата, додека Фернандињо (35) одигра девет натпревари во Премиер лигата. зс/

Остани поврзан