• сабота, 27 јули 2024

Манчестер сити нов светски клупски првак

Манчестер сити нов светски клупски првак

 

Џеда, 22 декември 2023 (МИА) – Фудбалерите на Манчестер сити ја освоија титулата на Светското клупско првенство во организација на ФИФА, откако вечерва во финалето во саудискиот град Џеда го совладаа бразилски Флуминенсе со 4-0 (2-0).

Актуелниот европски првак дојде во водство по само 60 секунди со голот на Алварез, а до крајот на полувремето ја одвои предност преку автоголот на Нињо. 

Фоден во 77 минута ги реши сите дилеми околу победникот, а печат на победата на премиерлигашот стави Алварез (88)  со својот втор гол вечерва. 

За Манчестер сити ова е прва титулата светски клупски првак во историјата со која англискиот клуб инкасираше 4.65 милиони евра.

Третото место го освои египетски Ал Ахли, совладувајќи ја претходно оваа вечер јапонска Урава со 4-2. ег/
ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан