• среда, 25 декември 2024

Манчестер сити неколку недели без Ковачиќ

Манчестер сити неколку недели без Ковачиќ

Манчестер, 22 ноември 2024 (МИА) – Фудбалерот на Манчестер Сити, Матео Ковачиќ, поради повреда ќе биде надвор од терените три до четири недели, потврди денеска актуелниот англиски првак.
„Ќе има подолга пауза, три недели или еден месец, повеќе или помалку“, изјави тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола.
Ковачиќ оваа сезона одигра 14 натпревари и постигна три голови за Манчестер Сити, кој е втор на табелата во Премиер лигата, со пет бодови помалку од лидерот Ливерпул.
Дефанзивците на Сити, Џон Стоунс и Мануел Аканџи тренираа во четвртокот, Нејтан Аке исто така е блиску до враќање, додека Рубен Диас сè уште е повреден, но неговото закрепнување нема да потрае уште долго.
Повредениот играч за врска на англискиот клуб Родри утре се враќа во Манчестер, првпат по освојувањето на овогодишната Златна топка.
„Родри се враќа утре, откако ја освои Златната топка не можевме да го видиме и да му честитаме. Добро е што се враќа. Тој имаше операција во Мадрид, нормално е да биде со семејството за во текот на првата фаза. Во јануари ќе се врати тука за да почне со рехабилитацијата“, додаде Гвардиола.
Манчестер Сити в сабота од 18:30 часот го пречекува Тотенхем во следното коло од Премиер лигата. ег

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан