• вторник, 01 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Манчестер сити заинтересиран за Верати

Манчестер сити заинтересиран за Верати

Париз, 23 мај 2023 (МИА) – Англискиот фудбалски шампион, Манчестер сити е заинтересиран за Марко Верати.

 

Претходно беше објавено дека играчот од средниот ред размислува да го напушти ПСЖ, а клубот е подготвен да го продаде.

 

Според „Le Parisien“, неколку клубови, меѓу кои и Манчестер сити, изразиле интерес за фудбалерот. Сепак, играчот се уште нема донесено конечна одлука за заминување, иако е отворен за нов предизвик.

 

Триесетгодишниот Верати оваа сезона забележа 27 настапи во Лига 1. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан