• четврток, 26 декември 2024

Манчестер сити го проценува Анхелињо на 30 милиони евра

Манчестер сити го проценува Анхелињо на 30 милиони евра
Лондон, 8 септември 2020 (МИА) - Дефанзивецот на Манчестер сити, Анхелињо може да мине уште една сезона во Лајпциг на позајмица, објави „Скај Спорт“. Според изворот, клубовите преговараат дали да се вклучи клаузула за можно откуп на играчот во зделката. Објавено е дека „граѓаните“ ја проценуваат цената на 23-годишниот Шпанец на 30 милиони евра. Анхелињо играше за Лајпциг на позајмица во втората половина на сезоната 2019/20 и има еден гол и две асистенции на 13 настапи за тимот. Порталот „Transfermarkt.com“ ја проценува вредноста на играчот на 20 милиони евра. зс/

Остани поврзан