Манчестер сити го победи Ливерпул со гол во судиското надополнување
- Манчестер сити вечерва го победи Ливерпул со 2:1 на гостински терен во натпревар од 25.коло на Премиер лигата.
Ливерпул, 8 февруари 2026 (МИА) - Манчестер сити вечерва го победи Ливерпул со 2:1 на гостински терен во натпревар од 25.коло на Премиер лигата.
Фудбалерот од средниот ред на домашниот тим, Доминик Собослај, го отвори резултатот во 74. минута. „Граѓаните“ израмнија со голот на Бернардо Силва во 84. минута. Ерлинг Халанд постигна пенал во 90+3 минута за да ја обезбеди победата на гостите.
Ливерпул остана со 10 фудбалери во самиот финиш, откако Собослај беше исклучен во 90+13 минута.
Манчестер сити (50 бода) останува втор во Премиер лигата, шест бода зад лидерот Арсенал. Ливерпул (39 бода) падна на седмото место на табелата. зс/
Фото: ЕПА