• вторник, 20 јануари 2026

Манчестер сити го ангажираше Геи

Манчестер сити го ангажираше Геи

 

Манчестер, 19 јануари 2026 (МИА) – Премиерлигашот Манчестер Сити се засили со англискиот репрезентативен дефанзивец и досегашен капитен на лондонски Кристал Палас, Марк Геи (25), со кого денеска потпиша договор на пет и пол години

Вредноста на трансферот се проценува на 20 милиони фунти.

Геи треба да ја засили конкуренцијата во одбраната на Сити, која претрпе тежок удар од сериозната повреда на хрватскиот интернационалец Јошко Гвардиол. Хрватскиот репрезентативец пред две недели се здоби со фрактура на тибијата на десната нога и се очекува да отсуствува од теренот неколку месеци.

По 22 од 38 одиграни кола во Премиер лигата, Манчестер Сити заостанува седум бодови зад лидерот Арсенал. ег

ФОТО: ЕПА

Остани поврзан