• среда, 13 ноември 2024

Манчестер сити во драматична завршница ја одбрани титулата во Англија

Манчестер сити во драматична завршница ја одбрани титулата во Англија
Лондон, 22 мај 2022 (МИА) – Завршното коло во Премиер лигата донесе вечерва драматична разврска во шампионската трка во која Манчестер сити на крајот ја одбрани титулата пред Ливерпул со триумф над Астон Вила од 3-2, иако до 76. минута беше во два гола негатива. Составот на Пеп Гвардиола во последното коло влезе со бод предност пред Ливерпул и сам одлучуваше за својата судбина, но Вила на „Етихад“ водеше со 2-0 до завршните 15 минути, отворајќи можност за Ливерпул со победа над Вулверхемптон да ја освои титулата Меѓутоа, Сити во самата завршница го сврте резултатот во своја корист и со три голови во периодот од 76 до 81 минута преку двојниот стрелец Гундоган (76, 81) и Родри (78) ја одбрани титулата во Англија. На Ливерпул не му помогна победата над домашен терен над Вулверхемптон од 3-1. За Сити ова е осма титула во клупската историја, шеста во Премиер лигата и втора во низа. ег/

Остани поврзан