• недела, 06 октомври 2024

Манчестер сити без пораз 50 натпревари на домашен терен

Манчестер сити без пораз 50 натпревари на домашен терен

Манчестер, 5 октомври 2024 (МИА) - Манчестер сити е без пораз на домашен терен 50 натпревари по ред.

Избраниците на Пеп Гвардиола денес го совладаа Фулам во натпреварот од 7. коло на Премиер лигата со 3:2.

Серијата без пораз на „Граѓаните“ на стадионот „Етихад“ трае 50 натпревари. Сити победи 41 пат во сите натпреварувања и девет пати ремизираше.

Последниот пораз на Сити на домашен терен е забележан на 12 ноември 2022 година во натпреварот со Брентфорд (1:2). зс/

Фото: ЕПА

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан