• среда, 25 декември 2024

Манчевски: Отсуство од работа со мерките за коронавирусот со потврда за детето од градинка или училиште

Манчевски: Отсуство од работа со мерките за коронавирусот со потврда за детето од градинка или училиште
Скопје, 10 март 2020 (МИА) - Поради мерката за прекин на образовниот процес со цел спречување на ширењето на коронавирусот, родителот кој нема да доаѓа на работа треба да обезбеди соодветна потврда за детето од градинка или од училиште кое го посетува. Потврдата треба да гласи само на едниот родител и да се достави до работодавачот до терминот за пресметка на следната плата. На таков начин ќе го регулира своето отсуство од работа. Тоа го соопшти вечерва министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски во емисијата 24 анализа на ТВ 24, појаснувајќи као ќе се регулира отсуството на родителите со деца до 10 години кои во наредните две недели се ослободени од работа. -Се работи за платено отсуство  Не треба да земаат денови од одмор, не треба да земаат боледување, со оваа потврда ќе се регулира отсуството, а Владата преку Министерството за финансии и економските сектори во моментов прави пресметки и проценки за евентуален надоместок на одредени ефекти кои би се јавиле од примената на овие мерки. Ова важи само за децата што посетуваат воспитно образовна институција и токму затоа ќе треба да приложат потврда  од градинка или училиште и врз основа на тоа ќе може да ги користат овие услови, укажа Манчевски. Децата кои нема да посетуваат настава поради мерката за справување со коронавирусот, како што истакна, треба да бидат згрижени, да имаат некаков вид на надзор. Токму затоа се одлучивме родителите на деца до 10 години, односно децата до четврто одделение, вклучително и четврто, да бидат ослободени од работните обврски без разлика дали се работи за вработен во јавниот или приватниот сектор. Оваа мерка, како што појасни Манчевски, важи за сите родители освен за тие кои се вработени во здравствениот и безбедносниот сектор, а Владата дополнитено ќе одлучува на кој начин ќе излезе во пресрет како помош при згрижување на нивните деца. бт/лв/      

Остани поврзан