• среда, 25 декември 2024

МАНУ и Одборот за акредитација на високото образование ќе работат на подигнување на квалитетот на високото образование

МАНУ и Одборот за акредитација на високото образование ќе работат на подигнување на квалитетот на високото образование

Скопје, 18 мај 2024 (МИА) - Претседателот на Македонската академија на науки и уметностите, академик Живко Попов и претседателот на Одборот за акредитација на високото образование Марјан Ѓуровски остварија работна средба на која се разговараше за состојбата во високото образование и за воспоставување заедничка соработка во функција на подигнување на квалитетот и развојот на високото образование во земјата.

На состанокот беше констатирана потребата од интернационализација на македонскиот високо образовен систем, зајакнување на стандардите и капацитетите на високо образовните институции со посебен фокус на студиските програми и продуктот кои тие го даваат како дипломирани студенти за потребите на општеството и бизнис заедницата.

-МАНУ и Одборот за акредитација на високото образование се очекува да потпише меморандум за соработка за поблиска соработка со заеднички научно-истражувачки проекти и организирање заедничка научна конференција посветена на состојбата, предизвиците и развојот на високото образование, информира Одборот.

На работната средба присуствуваа потпретседателот на Одборот за акредитација Куштрим Ахмети и академик Марјан Марковиќ, член на Одборот за акредитација на високото образование. мч/мд/

фото: Одбор за акредитација на високото образование

Остани поврзан