• четврток, 26 декември 2024

Маниќ нов претседател на пливачката федерација

Маниќ нов претседател на пливачката федерација
Скопје, 21 февруари 2022 (МИА) – Пливачката федерација на Северна Македонија на Генерално собрание одржано викендот во Скопје за свој нов претседател го назначи Александар Маниќ. Досегашниот прв човек на ПФСМ, Александар Маленко се повлече од функцијата поради нови работни обврски во Европската пливачка федерација (ЛЕЈ). Тој во иднина  ќе ја извршува функцијата извршен директор во технички комитет за далечинско пливање. За генерален секретар на ПФСМ е поставен Владимир Пејковски, додека селекторската функција ќе ја извршува Методија Ангелески. Маниќ и другите новоизбрани функционери добија честитки од честитки од раководството на  Светската пливачка федерација (ФИНА), како и од првите луѓе на ЛЕН. зс/

Остани поврзан