• четврток, 26 декември 2024

Манифестација „Роднокрајни поетски средби“ во Струмица

Манифестација „Роднокрајни поетски средби“ во Струмица
Скопје, 24 мај 2021 (МИА) - Манифестација „Роднокрајни поетски средби“ ќе се одржи денеска во Градскиот парк во Струмица во чест на Св. Кирил и Методиј. Манифестацијата ја организира Здружението за развој на култура и заштита на културното наследство „Контекст – Струмица“ со поддршка на Општина Струмица. Поети учесници на 14. издание на „Роднокрајни поетски средби“ се: Никола Маџиров, Вања Изова Велева, Сузана Мицева, Ице Беличев, Мариета Дукиќ, Македонка Маџирова, Митко Гогов и Катерина Панов Кожаров, а воведната реч ќе ја има Ацо Гогов. Поетската манифестација редовно се одржува на различни локации во Струмица и струмичко и има за цел да ги промовира домашните автори по еден сосема уникатен и неформален начин, со помош на интеракција и слободен пристап. Секој што пишува или има што да каже може да биде дел од овие средби, а во иднина манифестацијата ќе го прошири самиот формат, па освен поети, ова е идеално место да се претстават и луѓе кои се занимаваат со перформанс, stand up, слем поезија, free style изразување..., посочуваат организаторите. Роднокрајни поетски средби досега биле домаќини на повеќе од 50 локални автори и 10-тина етаблирани поети од државава и странство. рп/ац/  

Остани поврзан