• недела, 01 септември 2024

Мане: Четири трофеи се сон на Ливерпул

Мане: Четири трофеи се сон на Ливерпул
Лондон, 17 април 2022 (МИА) – Фудбалерот на Ливерпул, Садио Мане по триумфот (3:2) над Манчестер сити во полуфиналето на ФА купот, рече дека неговиот тим сезонава атакува на четири трофеи. - Ова е посебен ден. Игравме со еден од најдобрите тимови во светот. Среќни сме што го победивме Манчестер сити и стигнавме до финалето на ФА Купот. Добро го започнавме натпреварот и продолживме напред. Во случајот со мојот прв гол, голманот згреши, но ние го принудивме да го направи тоа. Четири трофеи се сон на Ливерпул. Ќе се бориме за тоа, но има уште многу натпревари, истакна мане. Ливерпул во финалето ќе се соочи со победникот од натпреварот Челзи - Кристал Палас. Овој дуел ќе се игра денес со почеток во 17:30 часот. зс/

Остани поврзан