• среда, 27 ноември 2024

Мане сака да му докаже на Баерн дека не згрешиле со неговиот трансфер

Мане сака да му докаже на Баерн дека не згрешиле со неговиот трансфер

Минхен, 28 март 2023 (МИА) - Садио Мане со нетрпение очекува да работи со новиот тренер Томас Тухел.

 

Според новинарот Флоријан Плетенберг, крилниот напаѓач е во добри односи со германскиот фудбалски стручњак кој дојде на местото на Јулијан Нагелсман.  

 

Тухел сакаше да го покани Сенегалецот уште кога работеше во Челзи и ПСЖ.

 

Високо ниво на мотивација има и кај Мане, кој има намера да му покаже на Баерн дека не згрешиле кога го купија од Ливерпул. Знае дека мора да игра попродуктивно.

 

Триесетгодишниот фудбалер оваа сезона одигра 18 натпревари во Бундеслигата и постигна шест гола. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан