• среда, 25 декември 2024

Манекенка со своите 81 година, учествуваше на „Мис Јужна Кореја“

Манекенка со своите 81 година, учествуваше на „Мис Јужна Кореја“

Сеул, 3 октомври 2024 (МИА) - Чои Сун-хва, 81-годишна манекенка од Јужна Кореја, стана позната во својата земја откако реши да се прошета на модната писта со многу помлади жени од неа... А пак, сега, со учеството на натпреварот „Мис Јужна Кореја“, таа сака да почне и меѓународна манекенска кариера.

- Откако ги одгледате децата и ќе минете низ сите тешкотии, треба да најдете нешто што сакате да го направите, изјави поранешната болничарка за „Би-би-си“ веднаш по симнувањето од пистата. - Тоа потоа станува енергија што го движи Вашиот живот, придонесува за подобар однос со луѓето и ви помага да живеете подобро и поубаво, додаде таа.

Токму коментар од пациентка од пред 10 годино ѝ дало самодоверба на Чои, по неколкугодишни финансиски тешкотии - да го направи првиот чекор... Така, таа е веќе позната манекенка во својата земја, па кога светскиот натпревар „Мис Универзум“ - инаку основан девет години по нејзиното раѓање, неодамна ја укина забраната за девојките постари од 28 години, Чои ја искористи шансата и тука да се натпреварува. Со тоа, таа би станала највозрасната учесничка на „Мис Универзум“ на сите времиња.

Но, таа не се пласираше во финалето коешто ќе се одржи во Мексико. Мис Јужна Кореја е 22-годишната Хан Ариел. Сепак, на Чои ѝ припадна титулата „најдобро облечена“ супермоделка.

Таа се надева дека е само првата во низата повозрасни жени што ќе се пријават и ќе ги предизикуваат актуелните норми за убавина.

- Самата можност да учествуваш е неверојатно искуство. Кога ќе учествуваат повеќе постари луѓе, погледот на луѓето на нив ќе се промени и ќе дојде време постарите луѓе да се натпреваруваат на светско ниво, вели таа.

Како и да е, таа секогаш има најголема поддршка од внуците кои имаат 23 и 24 години. - Тие ме орасположуваат со зборовите „нашата баба е толку 'кул', убава и најдобра“, додава Чои.  си/ссм/

Фото: „Инстаграм“

Остани поврзан