• среда, 25 декември 2024

Манастирско-туристичкиот комплекс „Еленец“ во каменичкото Цера и годинава домаќин на традиционалниот Ден на дијаспората

Манастирско-туристичкиот комплекс „Еленец“ во каменичкото Цера и годинава домаќин на традиционалниот Ден на дијаспората
Македонска Каменица, 3 август 2022 (МИА) - Туристичко-манастирскиот комплекс „Еленец“ во каменичкото село Цера и годинава ќе биде домаќин на традиционалниот настан Ден на дијаспората. Настанот има за цел продлабочување на соработката со иселениците од Македонска Каменица и регионот кои живеат надвор од државава. -На манастирско-туристичкиот комплекс „Еленец”, село Цера, традиционално секоја година во август се организира манифестацијата Ден на дијаспората, манифестација подржана од нашите иселеници надвор од границите на Македонија. Манифестацијата е во организација на КИЦ „Романса” од Македонска Каменица, Општина Македонска Каменица и здружението на граѓани при манастирскиот комплекс Еленец од село Цера, информираа организаторите. Упатија апел до сите иселеници кои ќе го поминат летниот одмор во родниот град, да дадат свој придонес во успешното организирање на традиционалниот настан. -Оваа година на манифестацијата ке настапи еден од познатите фолк пејачи Дарко Билбиловски и локалниот бенд „Актив бенд“. Манифестацијата Ден на дијаспората ќе се одржи во сабота (13 август) со почеток од 11 часот. Ги покануваме сите иселеници, но и останати сограѓани да бидат дел од традиционалниот настан, додадоа организаторите. Покрај културно-уметничка програма во соработка со црковниот одбор при манастирот „Покров на Пресвета Богородица“, секоја година се подготвува и скромен оброк за сите посетители. вс/рп/

Остани поврзан