• петок, 05 декември 2025

Манасиевски: Дали 1,3 милиони евра од набавката на житото во 2022 година, завршиле во џебовите на Заев, Филипче и Љупчо Николовски?

Манасиевски: Дали 1,3 милиони евра од набавката на житото во 2022 година, завршиле во џебовите на Заев, Филипче и Љупчо Николовски?

Скопје, 5 декември 2025 (МИА) - Дали 1,3 милиони евра од набавката на житото во 2022 година, завршиле во џебовите на Зоран Заев, Венко Филипче и Љупчо Николовски? Минатата власт на триото Заев, Филипче и Николовски, платила 8,6 милиони евра за набавка на 20.000 тони жито, односно 26,6 денари по килограм. Во тоа време берзанската цена за еден килограм жито била 20,5 денари, додатно плус транспорт од 2 денари, доаѓаме до една цена од 22,5 денари по килограм, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ кое МИА го објавува интегрално.

Разликата во цената којашто овие тројца ја наплатиле е цели 4 денари, или во вкупна сума на набавката, 1,3 милиони евра. Прашањето е зошто е платено олку поскапа сума кога можело да се набави за многу поевтино? Дали овие пари можеби завршиле во нечии џебови од врхушката на тогашната власт на Зоран Заев, Венко Филипче и Љупчо Николовски?

Дополнително, Љупчо Николовски мора да објасни зошто бил направен отпис од 2.000 тони жито од стоковите резерви? И зошто во толку брз период е набавено 20.000 тони жито, ако ситуацијата тогаш истиве луѓе велеа дека е под целосна контрола? Дали отписот бил намерно направен за да се отвори простор за нова набавка и потенцијално нов криминал?

Граѓаните заслужуваат да знаат каде завршиле нивните средства и дали некој се богател додека државата плаќала поскапо за основна животна намирница како што е пченицата.

Прашање: Како го коментирате повикот на претседателот на СДС, Венко Филипче да дојде европската обвинителка Лаура Ковеши, за да се истражат малверзациите што ВМРО-ДПМНЕ ги прави со европските пари?

Одговор: Убедливо најиронично е кога Венко Филипче зборува за борбата против криминалот. Тоа е исто како човек со сомнителни морални навики да го поставите да биде наставник за етика. Смешно, но СДС тоа го претставува како некоја сериозна работа.
Дополнително кога СДС зборува за „антикорупциски тим“, листата сама се пишува:

Зоран Заев, самопрогласен академик за криминал, измачкани игри и непотизам.

Вице Заев, специјалист за перење пари, текстилни шеми и царински погодности.

Од тимот на енергетската катедра, професорот Васко Ковачевски, човек кој треба да се врати од „студиите во странство“ за да објасни со што точно тој тргувал.

За културните шеми, Бисера Костадиновска-Стојчевска, експерт за злоупотреби со активна пријава.

За надворешна соработка, партнерот во криминал Артан Груби.

Ваков тим, вакво „реформирање“ денес нуди СДС.

Кога Филипче зборува за чесност, а Заев е сè уште лидер во сенка на СДС, тоа е отворено потценување на граѓаните.

СДС нема никаков кредибилитет  да говори за борбата против корупција. Главниот извор на криминал во државата се токму тие, нивните кадри, нивните мрежи, и системот на злоупотреби и делови од обвинителството кои ги штитат.

Овој настап на СДС односно на Филипче е уште едно политичко харакири. Обид да се испере нешто што не се пере, ниту во топла ниту во ладна вода. Колку и да се сликаат во бело, црните страници што ги оставија никогаш нема да бидат чисти. Затоа, граѓаните не треба да бидат доведени до забуна. Кога СДС дели лекции за корупција, тоа е најдобар доказ дека тие се последните кои имаат право да го зборуваат ова.

ВМРО-ДПМНЕ

 

Остани поврзан