• понеделник, 15 декември 2025

Манасиевски: Дали Филипче заедно со Заев имале акции во индиска авиокомпанија и оттаму им се средствата за 50-катница во Дубаи

Манасиевски: Дали Филипче заедно со Заев имале акции во индиска авиокомпанија и оттаму им се средствата за 50-катница во Дубаи

Скопје, 21 мај 2025

 


Почитувани,

Продолжува молкот на Филипче во делот на одговор на нашите прашања за потеклото на златната виза и пресудата на модуларната болница.

Филипче и СДС секојдневно се повеќе тонат во скандали, кои се поврзуваат со криминал и корупција.

Филипче не одговори за потеклото на златната виза, ниту одговори дали е задоволен од пресудата за модуларната болница?

Филипче најверојатно и на денешното поставено прашање ќе продолжи да молчи и да не одговара, но сепак јавноста заслужува одговори.

Дали Филипче заедно со Заев, поседувал акции во индиска авиокомпанија, а придобивките од истите ги вложиле во градење на висококатница во Дубаи?

Дали Филипче од овие акции кои ги поседувал, каде што се поставува и прашањето од каде му нему пари за купување на толку скапи акции, има добиено милионски суми во евра?

Доколку Филипче продолжи да молчи, дали тоа значи дека се потврдуваат нашите тези?

Филипче да престане да молчи и да излезе во јавноста и да даде одговори.


 Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Фото: ВМРО - ДПМНЕ

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан