• сабота, 16 ноември 2024

Мамардашвили останува во Валенсија уште една сезона

Мамардашвили останува во Валенсија уште една сезона

Валенсија, 20 август 2024 (МИА) - Ливерпул и голманот Алисон Бекер се договорија Бразилецот да остане на „Енфилд“ оваа сезона во Премиер лигата, а од следното лето сигурно е дека ќе биде заменет со Георги Мамардашвили.

Англискиот трофеен клуб е блиску до договор со Валенсија за откуп на грузискиот репрезентативец за 30 милиони евра, со одредба тој да остане во редовите на „лилјаците“ до крајот на сезоната.

Овој исход одговара на сите, така што работата е во завршна фаза. Според пишувањата на медиумите, овој трансфер би требало да биде склучен до крајот на овој преоден рок.

Мамардашвили (23) се покажа како одлична инвестиција за Валенсија бидејќи пред две и пол години го купија од Динамо Тбилиси за само 850.000 евра. Грузиецот досега го носеше дресот на „лилјаците“ на 101 меч, додека на последното УЕФА ЕУРО во дресот на Грузија (21 меч) беше убедливо најистакнат голман на турнирот. На четири натпревари имаше 21 одбрана. дс

Фото: Архива

Остани поврзан