• среда, 18 декември 2024

Малта и ја укина визата на Захарова пред да замине на состанок на ОБСЕ

Малта и ја укина визата на Захарова пред да замине на состанок на ОБСЕ

Москва, 5 декември 2024 (МИА) – Министерството за надворешни работи на Русија соопшти дека Малта и ја укинала визата на портпаролката Марија Захарова пред состанокот на Министерскиот совет на ОБСЕ, што се одржува во земјата.

Откажувањето и било соопштено на руската делегација пред нејзините членови да се качат во авионот што требаше да ги однесе од Москва до Малта, се додава во соопштението.

- Ова е случај без преседан виза одобрена од малтешкото претседателство со ОБСЕ на портпаролката Захарова да биде повлечена пред настанот со причина која гласи „поради околности што се вон наша контрола“, соопшти руското Министерство.

Нагласено е дека руската делегација на чело со шефот на дипломатијата Сергеј Лавров на средбата ќе посвети посебно внимание на проблемот со неиздавањето визи за руските претставници на повеќе настани организирани од ОБСЕ.

Министерскиот совет на ОБСЕ се одржува денеска и утре на Малта. јт/

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан