Малолетничка од Кавадарци пријавила дека роднина извршил обљуба врз неа
- Малолетничка од Кавадарци пријавила дека роднина извршил обљуба врз неа, информираа денеска од СВР Велес.
![Малолетничка од Кавадарци пријавила дека роднина извршил обљуба врз неа](https://new.mia.mk/index.php/images/20230816132119_big_730x400_66.webp )
Кавадарци, 16 август 2023 (МИА) – Малолетничка од Кавадарци пријавила дека роднина извршил обљуба врз неа, информираа денеска од СВР Велес.
– Завчера околу 15.45 часот во ОВР Кавадарци, малолетничка од Кавадарци пријавила дека нејзин роднина А.М.(25) од Велес, кој бил пуштен на викенд од Казнено – поправната установа Затвор Идризово, каде издржувал затворска казна, извршил обљуба врз неа. А.М. бил спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Идризово, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, известуваат од СВР Велес. свд/ир
Фото: МИА архива